Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18тото по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.
Овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе биде на 2ри октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30ти август добиваат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секој учесник по завршување на маратонот на својата емаил адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.
Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– HalkEco Скопје трча 10KM.
Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk.