Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс потврди дека Челзи испратил нова подобра понуда за Весли Фофана.
Понудата која од Челзи ја испратиле била во висина од 70 милиони евра плус бонуси кои биле тешко остварливи и затоа од Лестер ја одбиле понудата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роџерс исто така посочи дека Фофана е префрлен во вториот тим откако одбил да се појави на тренинг минатата недела.
„Добивме нова подобрена понуда за Фофана која и истата беше одбиена, играчот сега тренира со У23 тимот откако одби да се појави на тренингот минатата недела“, изјави Роџерс.
Челзи е во потрага по нов стопер и како што стојат работите и покрај одбиената понуда голема е веројатноста Фофана на крајот да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.