Во финишот од преодниот рок би можеле да видиме уште еден поголем трансфер во англиската Премиер лигата.
21-годишниот Гордон од Eнтони Евертон во овој момент важи за голем талент на Островот и му се предвидува голема кариера, а сега на големо се поврзува со Челзи. Последните информации во англиските медиуми се дека Гордон го известил раководството дека сака трансфер во „сините“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата недела на адреса на Евертон беше испратена понуда од 50 милиони фунти, но истата веднаш била одбиена.
Сега раководството на „крамелите“ се спремаат да испратат нова понуда од 50 милиони фунти во која ќе бидат вклучени и дополнителни бонуси од 10 милиони фунти. Лампард сака да го задржи Гордон, меѓутоа ако фудбалерот инсистира на трансфер како што се тврди тогаш многу брзо се би можело да се заврши.