Дома Фудбал Тен Хаг го фалеше тимот, па опцу во програма во живо 🎥

Тен Хаг го фалеше тимот, па опцу во програма во живо 🎥

Maнчестер Јунајтед вчера се израдува на првата победа во сезоната во Премиер лигата и тоа против Ливерпул.

Избраниците на Ерик Тен Хаг беа далеку подобри од првите два натпревари во сезоната кога запишаа порази и на крајот заслужено славеа со 2:1. Холандскиот стратег секако беше задоволен од она што го виде на теренот, во изјавата во живо на телевизија дури и опцу.

„Можеме да бидеме и подобри, ова е само почеток. Покажавме дека можеме да сме тим. Видовте со каков став играа играчите на теренот. Фудбалерите постојано комуницираа и се бореа за секој метар, личевме на екипа. Момците покажаа дека можат да играат е**но добар фудбал“, изјави Тен Хаг за „Скај Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…