Дома Фудбал Алиоски по спектакуларниот гол: Ова чувство не се опишува!

Алиоски по спектакуларниот гол: Ова чувство не се опишува!

Eзѓан Алиоски вчера го постигна својот деби гол за Фенербахче и тоа беше вистинска „бомба“.

Македонскиот репрезентативец погоди во победата од 4:2 против Адана Демирспор и ова беше негов прв натпревар пред домашната публика.

„За првпат играм пред домашната публика и морам да признаам дека навивачите беа фантастични. Вакво нешто не се опишува. Тешко е да кажам какво е чувството на својот прв натпревар да дадеш гол пред своите гледачи“.

„Среќен сум што потпошав за Фенербахче. Имаше можност да дојдам тука и минатото лето, но тогаш тоа не се случи. Сепак кога верувате во нешто тоа се случува и еве ме тука“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…