Дома Фудбал Германија Баерн Минхен со моќниот старт во Бундеслигата сруши два рекорди

Баерн Минхен со моќниот старт во Бундеслигата сруши два рекорди

Баерн Минхен моќно ја започна новата сезона и оствари три убедливи победи во Бундеслигата, а освен тоа го освои и Суперкупот на Германија со победа против Лајпциг од 5:3.

После натпреварот кој беше одигран пред почетокот на новата бундеслигашка сезона следуваше победа во Франкфурт од 6:1, па 2:0 против Волфсбург и 7:0 против Бохум. Со овие резултати Баерн сруши рекорд во Бундеслигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На овие три натпревари Баерн постигна дури 15 голови и прими само еден со што баварците станаа првиот тим во историјата на Бундеслигата со еден таков почеток на сезоната. Рекорд е и тоа што на гостувањата во првите два натпревари постигнаа дури 13 голови.

Секако, германските новинари ја искористија приликата да го споменат Роберт Левандовски и заклучија дека полскиот голгетер не му недостасува на Баерн. Како што стојат работите Баерн и оваа сезона нема да има вистинска конкуренција во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Роналдо ќе ја предводи Португалија на ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез, го објави пошир…