Наполи нема намера да го продаде македонскиот фудбалер Елиф Елмас, а и македонскиот „дијамант“ не сака да го напушти Неапол без оглед на интересот од Евертон.
Во овој момент постојат минимални шанси да дојде до ситуација во која Елмас би си заминал. Тоа може да се случи само ако некој клуб понуди повеќе од 40 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имаше интерес и од други клубови за Елмас, се поврзуваше и со Милан, меѓутоа како што стојат работите ако не се случи некој голем пресврт и во новата сезона Елиф ќе биде играч на Наполи.
Треба да се спомене и дека еден од менаџерите на Елмас за радио „Кис Кис“ изјави дека фудбалерот засега Елмас нема планови за заминување, а освен тоа и нема пристигнато никаква понуда од Евертон.
Во редовите на Наполи Елмас пристигна во 2019 година од Фенербахче за 16 милиони евра.