Дома Останати Загреб со гол во последни секунди до пласман во Ф4

Загреб со гол во последни секунди до пласман во Ф4

Хрватскиот шампион ППД Загреб стана вториот патник на Ф4 турнирот во Задар по унгарски Веспрем откако денеска во драматичен натпревар славеше против Војводина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватите водеа во поголемиот дел од мечот, но српскиот шампион успеа да се врати во мечот и израмни со голот на Миленковиќ на 20 секунди пред крајот.

Човек на одлука беше Срна кој ја затресе противничката мрежа на само неколку секунди до крајот за 24:23 и го однесе Загреб во Ф4.

Најефикасен беше Иван Чупиќ со шест голови, а поранешниот играч на Вардар, Тимур Дибиров дебитираше со четири погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…