Дома Фудбал Италија Мурињо по победата против Салернитана купил 60 пици

Мурињо по победата против Салернитана купил 60 пици

Вчера Рома со 1:0 победи на гости против Салернитана во првото коло од Серија А.

Резултатот е минимален, но Рома одигра натпревар во кој ја контролираше играта и создаде многу прилики за поубедлив триумф. Пред се одлични шанси имаа Заниоло и Дибала, но не ги реазлираа.

Мурињо по натпреварот истакна дека бил задоволен од своите фудбалери, а „Кориере дело Спорт“ откри дека Португалецот купи 60 пици за фудбалерите и вработените во тимот.

Бидејќи следниот натпревар на Рома е во понеделник Мурињо им дал и два слободни дена на фудбалерите, тренингот е закажан за в среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инфантино го вади џокерот од ракав – ФИФА дели на сојузите 5.000.000.000 евра!

Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалот (ФИФА) Џани Инфантино е подготвен да…