Дома Трансфер зона Готово: Мбапе е „светец“ за 180 милиони

Готово: Мбапе е „светец“ за 180 милиони

Пари Сент Жермен постигна договор со Монако за трансфер на тинејџерската сензација Килијан Мбапе, кој ќе се пресели во Париз за сума од 180 милиони евра.

Мбапе денес пристигна во Париз и откако ќе ги помине рутинските медицински прегледи официјално ќе потпише четиригодишен договор со ПСЖ.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Француските медиуми ги открија деталите. Мбапе една сезона ќе помине во ПСЖ на позајмица, а следното лето „светците“ се обврзани да платат 180 милиони евра и да го направат трансферот перманентен.

Ваквата формула беше искористена од страна на ПСЖ со цел да се избегнат санкциите од финансискиот фер-плеј.

Мбапе заедно со Нејмар и Кавани ќе создаде пеколно напаѓачко трио, а во Париз годишно ќе заработува 17 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…