Дома Тенис Нов скандал во тенисот: Романец суспендиран поради обложување

Нов скандал во тенисот: Романец суспендиран поради обложување

Романскиот тенисер Мариус Фроса денес е суспендиран на 8 месеци поради недозволено обложување. 21-годишниот тенисер притоа ќе мора да плати и 1000 долари казна.

Тимот за веродостојност во тенисот утрврди дека романскиот тенисер помеѓу декември 2014 и јануари 2015 година, 12 пати се обложувал на тениски натпревари. Меѓутоа, не се обложувал на натпревари на кои играл тој.

Фроса моментално се наоѓа на 2.010 место на АТП листата и никогаш не настапувал на АТП турнир, туку само на челинџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кецмановиќ издржа во три сета, Серундоло е последната пречка за Париз

Српскиот тенисер по два часа го совлада Џејмс Дакворт и се доближи на една победа до главн…