Дома Македонски спорт Барнли испратил нова подобра понуда за Чурлинов

Барнли испратил нова подобра понуда за Чурлинов

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов одигра одлична предсезона во дресот на Штутгарт, а погоди и на првиот официјален меч во сезоната. Сепак, до крајот на преодниот рок би можел да ја промени средината.

Според информациите на „Билд“ екипата на Барнли испратила втора подобрена понуда за македонскиот фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првата понуда на Барнли за Чурлинов беше одбиена затоа што била премала, а сега тие испратиле понуда од 3.25 милиони евра веднаш и уште 1.25 како бонуси.

Претходно интерес за Чурлинов покажа и белгиски Андерлехт, меѓутоа изгледа белгискиот гигант се „олади“ откако ги слушната барањата од „швабите“.

Кога е желбата на Чурлинов во прашање „Билд“ пишува дека тој преферира останување во Штутгарт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…