Сопругата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, Ванеса ја бара правдата за нејзиниот сопруг кој загина во хеликоптерска несреќа во јануари 2020 година.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Адвокатот на Ванеса кажа пред Судот во Лос Анџелес дека полицајците кои се под надлежност на шерифот и пожарникарите стигнале на местото на падот на хеликоптерот, по што го сликале телото на Коби.




Американските медиуми пишуваат дека Ванеса тужи поради нанесена душевна болка, а по несреќата се појавија информации дека полицајците ги споделувале фотографиите и се смееле на нив.




Ванеса претходно доби понуда од државата да се договори за 2,5 милиони долари, но таа не се откажува и ја бара правдата за Коби.