Францускиот шампион ПСЖ започнал преговори за трансфер на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.
ПСЖ го отпиша аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. На Аргентинецот веќе му беше соопштено дека може да бара нов клуб. Замена за Икарди во Париз би можел да биде Маркус Рашфорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Л’Eкип“ тврди дека францускиот шампион започнал преговори за доведување на напаѓачот на Манчестер Јунајтед и тоа би била вистинска „бомба“ за крај на преодниот рок.
Рашфорд се враќа од незгодна повреда поради која пропушти добар дел од претходната сезона, а во Париз се спремни да му дадат шанса да ја подигне кариерата на едно повисоко ниво.
Информациите се дека ПСЖ веќе ги контактирал агентите на 24-годишниот фудбалер. Наводно првите преговори се позитивни и одат во насока Рашфорд да се пресели во Париз до крајот на овој месец. Се наведува и дека интерес за трансферот има и од самиот Рашфорд.
Договорот со Манчестер Јунајтед на Рашфорд истекува во јуни наредната година. Тоа значи дека ако Рашфорд инсистира тогаш ПСЖ може да го добие за значително пониска сума отколку што навистина вреди.
PSG are interested in Marcus Rashford, according to L'Equipe 🇫🇷 pic.twitter.com/UE7hGIqp5Y
— GOAL (@goal) August 11, 2022