Алваро Мората после две сезони поминати на позајмица во Јувентус ова лето се врати во Атлетико Мадрид.




Шпанецот не сака да остане во тимот на Симеоне, но Јувентус не ја активираше опцијата за откуп и не може да најде заеднички јазик со „јорганџиите“ околу висината за обештетувањето.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Мората му бил понуден на Манчестер Јунајтед бидејќи „црвените ѓаволи“ бараат напаѓач и имаа неуспешен обид да го ангажираат Арнаутовиќ.




„ЕСПН“ пишува дека агентите на 29 годишниот Шпанец го понудиле Мората на Манчестер Јунајтед и дека од клубот сериозно почнале да размислуваат за ваквата можност.