Дома Фудбал Германија Проблем за Штутгарт: Чурлинов неизвесен за натпреварот со Лајпциг

Проблем за Штутгарт: Чурлинов неизвесен за натпреварот со Лајпциг

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов е неизвесен за стартот на Бундеслигата.

Штутгарт во првото коло игра против Лајпциг во недела од 15:30 часот. Tренерот Пелегринo Матарацо денес за медиумите ја коментираше ситуацијата околу играчкиот кадар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Чурлинов тој соопшти дека се жали на повреда на грбот и поради тоа неговиот настап во овој дуел е неизвесен и до последен момент нема да се знае дали ќе може да помогне.

Чурлинов одигра добра предсезона, а постигна гол и во германскиот куп против Динамо Дрезден, тој гол се покажа како одлучувачки бидејќи Штутгарт го доби натпреварот со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…