Францускиот шампион ПСЖ денес го претстави новото засилување.
Нов фудбалер на францускиот клуб е португалскиот играч за врска Ренато Санчез. 24-годишниот фудбалер на „Паркот на Принцовите“ пристигнува од екипата на Лил. Со гигантот од Париз потпиша договор на пет години, односно до 30. јуни 2027 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ за услугите на Санчез издвои 15 милиони евра. Така за релативно мала сума добија исклучително квалитетен фудбалер кој зад себе и со 24 години има големо искуство.
Исто така ова е голема шанса за некогаш младата надеж на португалскиот фудбал Тој како тинејџер беше сметан за „чудо“, а тоа му донесе трансфер во Баерн во 2016 година за 35 милиони евра.
Меѓутоа Санчез во Баерн не се снајде најдобро. Потоа следуваше епизода во Свонси, па трансфер во Лил и тоа враќање во Франција се покажа како одличен потег затоа што повторно со добрите настапи почна да го привлекува вниманието на големите клубови.
🔴 #WelcomeRenato 🔵 pic.twitter.com/iJtcqiHt4v
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 4, 2022