Работнички потпиша професионален договор со големиот талент Никола Манојлов. Тој во текот на летните подготовки веќе се наметна кај шефот на стручниот штаб Љупчо Марковски и се очекува да игра значајна улога во тимот во новата сезона.




„Чест ми е што потпишав договор со Работнички. Верувам дека со напорна работа ќе се наметнам кај тренерот Љупчо Марковски и се надевам дека ќе дадам свој придонес во една успешна сезона за тимот“, вели Никола Манојлов.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Негови силни страни се дриблингот и неверојатниот сенс да се најде на вистинското место за да постигне гол. Можеби ќе го докаже тоа веќе на стартот од новиот шампионат.




Работнички в недела гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс во првото коло од новата сезона 2022/23 во Првата фудбалска лига.