Реал Мадрид ја продолжува потрагата по нов напаѓач, кој ќе биде алтернатива за Бензема, тврди „Макра“.




34-годишниот Бензема игра во животна форма, но Анчелоти сака да донесе млад напаѓач кој ќе може да биде замена за Французинот и со тек на годините да го наследи во нападот.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Бензема во моментов нема речиси никаква алтернатива, особено откако клубот се раздели со Лука Јовиќ и Борха Мајорал, а Маријано Дијаз е на излезна врата.




Шпанските медиуми пренесуваат дека ново име на списокот на „кралевите“ е младиот талент на Салцбург, Бенџамин Шешко.




19-годишниот Словенец важи за еден од најталентираните млади напаѓачи во Европа и него веќе го следат многу европски гиганти.