Манчестер јунајтед во недалата го одигра последниот контролен натпревар против Рајо Ваљекано, а Кристијано Роналдо ја предводеше групата играчи кои го напуштија стадионот пред крајот на натпреварот.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа беше само прв натпревар на Роналдо по неговото отсуство во текот на целата подготвителна сезона, но тој не го ни дочека крајот на натпреварот и го напушти „Олд Трафорд“ пред крајот на мечот.




Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг денеска изјави дека такво нешто е неприфатливо и не смее да се повтори.




„Не е само Роналдо, неколку играчи заминаа во текот на вториот дел. Секако дека такво нешто е неприфатливо. Ние сме тим, ние сме колектив. Секој играч мора да остане до крајот“, изјави Тен Хаг.