Дома Фудбал Тен Хаг искрен: Роналдо не е на нивото на другите фудбалери

Тен Хаг искрен: Роналдо не е на нивото на другите фудбалери

Роналдо конечно се појави на припремите на Манчестер Јунајтед, а после само еден тренинг и настапи против шпанскиот Рајо Ваљекано.

Португалецот беше далеку од своето ниво и одигра најслабо од сите на теренот. Тренерот Ерик Тен Хаг го замени на полувремето, а настапот на Роналдо беше оценет со оценка 5.9.

По натпреварот Тен Хаг доби прашање за формата на Роналдо.

„Дефинитивно не е на нивото на другите фудбалери, пропушти многу недели. Потребни му се повеќе тренинзи и натпревари“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…