Борусија Дормтунд го презентираше прекрасниот дрес кој ќе го користи само за натпреварите во Лигата на Шампионите оваа сезона.
Екипата која во 2013. година играше во финалето во ЛШ против Баерн на „Вембли“, следната сезона исто така ќе игра во ова натпреварување откако завршија на третото место во Бундеслигата минатата сезона..
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тие во ЛШ се наоѓаат во групата на „смртта“ заедно со Реал Мадрид, Тотенхем и АПОЕЛ. Очигледно во клубот со нетрпение ги чекаат натпреварите во ова натпреварување, па го подготвија посебниот дрес.
Боите секако се стандардни, но навивачите се воодушевени од изменетото во дизајнот.
Потсетуваме, Дортмунд исто така добро ја започна сезоната во Бундеслигата, по две кола имаат максимални шест бода. Тие пред неколку дена останаа без Дембеле кој за 105 милиони евра се пресели во Барселона, па поради тоа, во следните неколку дена се очекува да пристигне некое засилување на „Сигнал Идуна Парк“, а за сега најмногу се споменува играчот за врска на ПСЖ, Џулијан Дракслер.