Дома Трансфер зона Ова се четирите играчи на Арсенал кои ќе го напуштат „Емирати“ до крајот на месецов

Ова се четирите играчи на Арсенал кои ќе го напуштат „Емирати“ до крајот на месецов

До крајот на трансфер периодот останаа уште само неколку дена, а Арсенал до крајот на месецов би можел да остане без четири фудбалери.

Во моментов, Арсен Венгер има голем број на играчи на располагање, но некои ќе го напуштат „Емирати“. Според пишувањата на Островот, до крајот на овој месец клубот ќе го напуштат четворица.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Станува збор за Алекс Окслејд Чемберлен, Шкодран Мустафи, Лукас Перез и Киран Гибс.

Гибс би требало да се пресели во Вотфорд за 7 милиони фунтим додека Чемберлен го одби договорот кој му го понуди клубот од 180.000 фунти неделно. Неговата желба е да се пресели во Челзи, па ќе видиме што ќе се случи до крајот на месецот.

Мустафи е блиску до трансфер во Интер, додека Перез би требало да се врати во Депортиво од Ла Коруња, каде што играше пред трансферот на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…