Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона сака да го доведе Бернардо Силва (27) од Манчестер Сити.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот наводно има желба да игра за Барселона. Но, англискиот шампион за него бара сума од околу 90 милиони евра. Во овој момент прашање е дали Барселона има да издвои толку пари со оглед на трансферите на Жил Кунде, Роберт Левандовски и Рафиња.




Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и агентот на Силва Жорге Мендеш наводно имаат план за овој трансфер. Тие размислуваат на Сити да му понудата помала почетна уплата, а потоа да следи исплата на неколку рати во следните сезони. Сепак, изгледа дека и во таков случај Барселона прво би морала да се ослободи од Френки Де Јонг кој засега одбива да замине.




Во Барселона како слободни играчи стигнаа Кристенсен и Кеси, а за Рафиеа, Левандовски и Кунде вкупно потрошија над 150 милиони евра.