Дома Останати Кошарка НБА Стеф Кари: Овој град е мој дом, никогаш не би сакал да заминам од Голден Стејт

Стеф Кари: Овој град е мој дом, никогаш не би сакал да заминам од Голден Стејт

Американскиот плејмејкер Стеф Кари е еден од најдобрите кошаркари во светот, а неговата кариера во Голден Стејт вориорс е повеќе од успешна.

Овој 34-годишен кошаркар зборуваше со американските медиуми за неговата иднина, па кажа дека сака да ја заврши кариерата во екипата во која игра од 2009 година, а тоа е Голден Стејт.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Искрено, никогаш не би сакал да го напуштам Голден Стејт. Сакам ова да биде мој единствен дом. Тука би сакал да бидам и кога ќе ја завршам кариерата. Овој град е мој дом“, кажа Кари.

Кари во кариерата беше четири пати НБА-шампион, двапати МВП на лигата, а еднаш МВП во финалето, а неколку пати играше и на Олстарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…