Дома Македонски спорт Преговорите започнале: Барди може да направи трансфер во Грција

Преговорите започнале: Барди може да направи трансфер во Грција

Шпанските медиуми пренесуваат дека Леванте преговара со грчки Олимпијакос за трансфер на Енис Барди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Деспорте Копе Валенсија“ тврди дека преговорите меѓу двете страни се започнати и Олимпијакос би можел да го добие Барди за сума од три милиони евра. Барди е пред заминувае од Леванте откако пред пет години дојде во овој клуб од Ујпешт за 1.5 милиони евра.

Веднаш по испаѓањето на Леванте во втората шпанска лига Барди доби понуди од ОАЕ и МЛС меѓутоа македонскиот репрезентативец има желба да остане во Европа.

Ќе потсетиме, пред само неколку дена Олимпијакос доживеа тежок пораз на домашен терен во квалификациите за ЛШ од Макаби Хаифа со 0:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …