Дома Фудбал Останато Ибраими со големи зборови за неговиот братучед: Адеми е „алфа и омега“ во Динамо

Ибраими со големи зборови за неговиот братучед: Адеми е „алфа и омега“ во Динамо

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Агим Ибраими во интервју за хрватскиот портал 24сата“ зборуваше за Динамо Загреб и Арјан Адеми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Познато е дека Ибраими е братучед со Адеми за кого вели дека е „алфа и омега“ во хрватскиот гигант. Освен тоа тој уште еднаш потврди дека Адеми одбил богата понуда од Саудиска Арабија за да остане во Загреб.

„Се пишува дека Динамо не е во форма, но навистина е тешко да играте во овој период од годината, посебно ако против вас имате послаб ривал. Таквите екипи секогаш се повеќе мотивирани и понекогаш знаат да направат проблеми на фаворитите. Не го кажувам тоа затоа што ми е братучед, но Адеми е „алфа и омега“ во Динамо“.

„Бев запознаен со големата понуда која ја доби од Саудиска Арабија, но се одлучи да остане во Динамо и да руши рекорди. Тоа е за почит, тешко дека некој друг ќе дојде до неговите достигнувања во Динамо“, изјави Ибраими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oва е најлудата трка за титула во Европа: На врвот е клуб кој не бил шампион 61 година!

Со само три кола до крајот, водечката четворка се наоѓа во рамките на три поени, што ветув…