Дома Останати Кошарка НБА Необична клазула: Ќе остане без милион долари, ако се здебели

Необична клазула: Ќе остане без милион долари, ако се здебели

Зион Вилијамсон потпиша нов петгодишен договор со Њу Орлеанс Пеликанс.

Овој 22-годишник ќе добие 193 милиони долари во тој период, а сумата би можела да се зголеми и на 231 милион ако Зион исполни одредени обврски од договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од обврските во договорот е килажата. Новинарот Кристијан Кларк открива дека во договорот на Вилијамсон има специјална клазула според која тој ќе изгуби прилично голем износ ако ги зголеми килограмите.

Наводно неговата килажа не смее да помине 136 килограми. Ако тоа се случи ќе остане без милион долари.

Ќе потсетиме, поради повреда на стапалото Вилијамсон ја пропушти цела минатата сезона. Од него се појавија и фотографии кои изненадуваа со изгледот и според пишувањата на медиумите во еден момент имал 150 килограми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Леброн се огласи по најавите дека го одиграл последниот натпревар за Лејкерс

Тимот на Денвер го исфрли Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од НБА плејофот со вкупни 4:1…