Во наредниот период се очекува неколку играчи да го напуштат Интер, а еден од нив е и Матија Весино на кого му заврши договорот со „нероаѕурите“.
Според последните информации од Италија Весино се договорил за соработка со Лацио со кој ќе потпише договор на три години. Во Рим Уругваецот ќе заработува по два милиони евра годишно, плус евентуални бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Лацио тој пристигнува на барање на тренерот на Маурицио Сари кој добро го познава. Очекувањата на Сари е одлично да се вклопи во неговиот пресинг, двајцата соработуваа во Емполи.
За Интер минатата сезона Весино одигра 25 натпревари и постигна еден гол.