Дома Македонски спорт Бундеслигата може да биде нова дестинација на Алиоски

Бундеслигата може да биде нова дестинација на Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се поврзува со многу тимови во последниот период, а сега во битката за неговиот потпис се вклучи и германскиот бундеслигаш Фрајбург.

Алиоски два месеци се поврзуваше со трансфер во Трабзонспор, но сепак такво нешто не се случи, па сега Фрајбург е главен кандидат за неговиот потпис.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Фрајбург, наводно, сака да потпише едногодишен договор со македонскиот фудбалер, па во следниот период ќе биде познато дали Алиоски ќе се пресели во Бундеслигата.

Алиоски е слободен фудбалер, откако му заврши неговата соработка со Ал-Ахли по испаѓањето на тимот од елитата во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…