Дома Фудбал Претседателот на Атлетико ја затвори вратата за Роналдо

Претседателот на Атлетико ја затвори вратата за Роналдо

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо ги коментираше шпекулациите за интересот на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо.

Серезо ја затвори вратата за Роналдо и истакна дека трансферот на 37-годишниот Португалец е невозможен.

„Не знам кој ја измисли оваа приказна за Роналдо и Атлетико. Ова дефинитивно не е вистина. Речиси е невозможно Роналдо да се пресели во Атлетико“, изјави Сересо.

Роналдо има уште една година од договорот со Јунајтед, но инсистира да ја промени средината, а медиумите тврдат дека Ателетико Мадрид е најреална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд сруши рекорд на Ибрахимовиќ и тоа со 66 натпревари помалку

Ерлинг Халанд од натпревар во натпревар продолжува да ги поставува новите стандарди и да г…