Дома Македонски спорт Бугарите пријатно изненадени: Македонија Ѓ.П ги „отвори вратите“ пред реванш дуелот 🎥

Бугарите пријатно изненадени: Македонија Ѓ.П ги „отвори вратите“ пред реванш дуелот 🎥

Maкедонија Ѓорче Петров утре ја очекува реваншот од натпреварот против ЦСКА Софија, пред овој дуел бугарскиот „dsport“ направи интервју со тренерот на „лавовите“, Мухарем Бајрами.

Бугарскиот медиум пред почетокот на интервјуто истакнува дека се изненадени од гостопримството на тренерот на Македонија Ѓорче Петров пред овој важен дуел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Првиот натпревар против ЦСКА го одигравме одлично, а сега се надеваме дека ќе ја повториме таа игра. ЦСКА е гигант, можеби не како што беше ЦСКА пред неколку години, но секако дека имаат огромен квалитет.

Продолжувам да мислам дека ЦСКА е фаворит бидејќи сега тие играат пред своите верни навивачи. Станува збор за голем клуб, со одлични играчи“.

Во првиот натпревар Македонија Ѓорче Петров мораше да игра со играч помалку поради црвениот картон на Лемос.

„После црвениот картон на полувремето на играчите им кажав дека мора добро да се браниме. Сигурно дека Лемос ќе ни недостасува во овој натпревар, го гледавме видеото и според нас немаше втор жолт картон, меѓутоа таква беше одлуката на судијата.

Добро ја анализиравме ЦСКА имаат многу нвои играчи, а кој и да игра има квалитет. Знаеме со што располагаат и ги знаеме нивните слаби и силни страни. Очекувам тежок и поразличен натпревар од оној во Скопје“, изјави Бајрами.

Реваншот е закажан за утре во терминот од 19:00 часот.

Целото интервју: ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…