Дома Македонски спорт Мак ракомет Недановски: И покрај проблемите Вардар има шампионски амбиции

Недановски: И покрај проблемите Вардар има шампионски амбиции

Tимот на Вардар ги започна подготовките за новата сезона во која поради одлуката на ЕХФ нема да се натпреварува во Лигата на шампионите.

Подготовките Вардар ги започна во салата на ОУ „Крумеп Кепески“ поради зафатеноста на „Јане Сандански“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И покрај проблемите тренерот на Вардар, Владо Недановски на овој прв тренинг ги истакна амбициите кои и понатаму се шампионски.

„Без разлика на проблемите, нашите амбиции остануваат исти, а тоа е освојување трофеи. Лошото го оставаме зад нас и ќе се однесуваме како ќе играме во Лигата на шампионите. Максимално сериозно ќе го сфатиме домашниот шампионат и ќе сториме се за да ја одбраните титулата. Имаме тим, кој е спој на младост и искуство, а голем дел од оние кои играа лани и останаа во тимот. Тоа ни дава право да се надеваме на добри игри и победи“, изјави Недановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…