Дома Фудбал Англија Челзи спреми одмазда за Барселона

Челзи спреми одмазда за Барселона

Барселона ова лето успеа да договори неколку одлични засилувања, но каталонскиот гигант се уште работи на неколку трансфери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците претходно ги ангажираа Франк Кеси и Андреас Кристенсен како слободни играчи, по што потрошија 100 милиони евра за Рафиња и Роберт Левандовски.

Челзи го имаше договорено Рафиња, но тој сепак реши да потпише за Барселона, а слична е ситуацијата и со Жил Кунде од Севиља.

„Мундо Депортиво“ пишува дека ова ги изнервирало главните луѓе во Лондон и решиле да ги прекинат сите преговори со Барселона за Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.

Барселона сакаше да ги ангажира двајцата фудбалери, но Челзи нема да ги продаде поради тоа што каталонскиот тим веќе им украде двајца фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Maрсело Брозовиќ може да направи трансфер каков што никој не очекува

Некогашниот хрватски репрезентативец би можел да се врати на големата сцена во европскиот …