Дома Македонски спорт Мак фудбал Штутгарт потврди: Чурлинов останува!

Штутгарт потврди: Чурлинов останува!

Дарко Чурлинов со еден гол и асистенција, учествуваше во победата на Штутгарт против Валенсија и покажа дека ќе биде важен дел од тимот.

Чурлинов минатата сезона ја помина на позајмица во Шалке, но сега директорт на Штутгарт потврди дека македонскиот репрезентативец сигурно останува во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имаше опција Дарко да оди во Шалке, но тие потрошија пари за повеќе фудбалери, а не и за Дарко, по ова прашање за мене се е завршено. Дарко е фудбалер, кој има многу позитивна енергија, ја пренесува на целиот тим, тој е добар играч и останува во Штутгарт“, изјави директорот Свен Мислинтат.

Чурлинов има договор со германскиот клуб до јуни 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…