Дома Топ вести Нагелсман: Хари Кејн е многу скап, но ќе се обидеме

Нагелсман: Хари Кејн е многу скап, но ќе се обидеме

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман го потврди интересот на Баварците кон ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.

Баварците се во потрага по врвен напаѓач кој ќе биде замена за Левандовски, а Хари Кејн е прв на листата желби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на англиската репрезентација има договор со Тотенхем до 2024 година, но дал позитивен одговор на понудата на Баерн Минхен.

Кејн сака да се пресели во клуб каде ќе се бори за најважните трофеи, но „Спарси“ за неговата слобода бараат 150 милиони евра, што е премногу за заинтересираните клубови.

„Проблемот е што тој е многу скап, но е фантастичен играч. Еден од малкуте кои можат да играат како централен напаѓач, но и како „десетка“. Не ја знам точната цена, но знам дека ќе биде тешко за Баерн да го донесе. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …