Дома Топ вести Барселона не може да регистрира играчи, Левандовски не смее да игра

Барселона не може да регистрира играчи, Левандовски не смее да игра

Барселона е исклучително активна на трансфер пазарот и до сега донесе четири големи засилувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франк Кеси и Андреас Кристенсен пристигнаа како слободни агенти, додека Роберт Левандовски и Рафиња беа купени. 

Меѓутоа, Барселона не може да регистрира ниту еден од новите фудбалери, кои засега можат да играат само на пријателски натпревари.

Каталонците имаат финансиски проблем и иако до сега инкасираа 500 милиони од продажба на ТВ права, сепак долгот е сеуште многу голем.

Каталонците во идниот период ќе мораат да го решат овој проблем со продажба на неколку играчи меѓу кои планирани се и Френки де Јонг и Мемфис Депај.

Шпанската лига не дозволува неконтролирано носење на нови фудбалери за да се спречи можен банкрот на клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Ендрик е новиот Пеле“ (ФОТО)

Еден млад навивач од трибините предизвика големо внимание со транспарент за бразилскиот та…