Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Не можам да чекам Роналдо да се врати!

Тен Хаг: Не можам да чекам Роналдо да се врати!

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг испрати јасна порака до Кристиано Роналдо дека не може повеќе да го чека.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо не отпатува со тимот на турнејата и тренира индивидуално бидејќи сака да го напушти клубот ова лето.

Меѓутоа, се уште нема пронајдено нов клуб и на крајот може да остане, а Тен Хаг тврди дека ако тоа се случи ќе го интегрира во тиимот.

„Ситуацијата е иста како минатата недела, не знам ништо ново. Не го исклучувам. Ако дојди, дојди, ќе пробам да го интегрирам во тимот“, изјави Тен Хаг.

„Фокусиран сум на фудбалерите кои се тука и тие работат многу добро. Тие во добра форма и ќе се фокусирам на развивање на играта со нив. Не можеме да го чекаме Роналдо да се врати“, заклучи холандскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Италија сезонава се случи ситуација каква што немало 35 години!

Вчера се случи вистинска фудбалска катастрофа во последното коло на италијанската Серија А…