Дома Фудбал Останато Нагелсман: Барса нема пари, а купува кого сака

Нагелсман: Барса нема пари, а купува кого сака

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман истакна дека е многу задоволен од потписот на Матиас де Лихт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот дефанзивец веќе им се приклучи на Баварците откако Јувентус се согласи да го продаде за 67 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

„Де Лихт е еден од најталентираните централни дефанзивци во светот, а се уште е многу млад. Тоа што не избра нас е голем знак и за Баерн и за Бундеслигата во целина. Се надевам дека ќе успее да постигне 7-8 гола“, сподели Нагелсман.

Нагелсман потоа го коментираше заминувањето на Левандовски, кој се пресели во Барселона за 50 милиони евра.

„Барселона е единствениот клуб во светот кој нема пари, но на крајот го купува секој играч што го сака. Не знам како го прават тоа. Сето тоа е многу чудно и малку лудо”, изјави Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми пред дербито: Хаос во таборот на Норвешка пред историскиот меч на СП

Пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија, таборот на Норвешка се соочува …