Дома Фудбал Никој не го сака Азар, Анчелоти му најде нова улога

Никој не го сака Азар, Анчелоти му најде нова улога

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти планира следната сезона да го користи Еден Азар како централен напаѓач.

Според „АС“ целта е да се спаси кариерата на Азар на „Сантиаго Бернабеу“, но и во тимот да има замена за Карим Бензема.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Анчелоти бара алтернатива за Бензема, бидејќи Јовиќ замина, па верува дека Азар може добро да одговори на напаѓачката позиција како „лажна деветка“.

Азар пак откако пристигна во Реал во 2019 година е само бледа сенка на фудбалерот кој беше во Челзи, најмногу поради честити повреди.

Реал го стави Белгиецот на трансфер листа, но бидејќи нема понуди, Анчелоти најде начин како да биде корисен во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се обиде да го доведе младиот ас на Реал, но шпанскиот гигант не сака да се раздели со него!

Актуелниот шампион на италијанската Серија А, Наполи, се потруди да го искористи летниот т…