Дома Фудбал Галтие: Со Кимпембе заедно се смеевме на гласините за Челзи

Галтие: Со Кимпембе заедно се смеевме на гласините за Челзи

Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на интересен начин ја демантираше информацијата дека дефанзивецот Кимпембе може да го напушти клубот.

„Радио Монте Карло“ и „Екип“ пренесоа дека Кимпембе е несреќен и сака да го напушти ПСЖ, а силен интерес за него покажува Челзи.

„Прочитав се што излезе како гласини за Кимпембе. Дури и јас и тој се смеевме на сето ова заедно. Ми се допаѓа Преснел бидејќи е одличен централен дефанзивец. Сепак, не знам што ќе се случи“, изјави Галтие.

Францускиот интернационалец не учествуваше во вчерашната прва контролна средба.

Меѓутоа, Кимпембе е дел од тимот кој ќе патува на турнеја во Јапонија и новиот тренер смета на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…