Баерн Минхен и Серж Гнабри постигнаа комплетен договор за продолжување на соработката, потврдија германските медиуми.
Гнабри влезе во последната година од договорот со Баерн и неговата иднина во Минхен беше неизвесна, особено поради фактот што за него интерес покажуваат Челзи и Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Гнабри реши да му остане верен на Баерн и после неколкумесечни преговори постигна договор со раководството на Баварците.
Германецот ќе стави потпис на договор до 2026 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
27-годишниот Гнабри веќе четири сезони е во Баерн, а претходно настапуваше за Арсенал, ВБА, Вердер Бремен и Хофенхајм.