Дома Фудбал Руски фудбалер почина од срцев удар

Руски фудбалер почина од срцев удар

Поранешниот фудбалер на Спартак Москва, Александар Козлов почина на 29-годишна возраст поради срцев удар, пренесоа тамошните медиуми.

Козлов играше како напаѓач на Спартак, но во последните години се посвети на аматерскиот фудбал, а негов последен клуб беше Зорки од Красногорск.

Козлов добил згрутчување на крвта на тренингот на аматерскиот клуб за кој настапувал, а по масажата згрутчувањето на крвта наводно му „пукнало“ и завршило во неговото срце.

Тој пред 10 години беше еден од наголемите таленти во рускиот фудбал, а од него се збогуваа голем број познати руски фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани против Малаго: Потврдена трката за врвот на италијанскиот фудбал

ФИГЦ ги прифати двете кандидатури за изборите на 14 декември. Малаго влегува со поддршка о…