Новото засилување на Барселона, Рафиња истакна дека ќе даде се од себе за да помогне клубот да се врати на победничките патеки.




25-годишниот крилен напаѓач беше купен од Лидс за 58+10 милиони евра и веќе се приклучи на својот нов тим.




ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
„Сакам да и помогнам на Барса да си ја врати славата. Мојот детски сон беше да станам дел од овој тим. Секој што ме познава од мали нозе знае дека ова беше навистина мојот сон. Чест ми е што сум овде. Јас сум играч кој не сака да губи. Ќе се борам за успех на секој натпревар“, истакна Рафиња.




Тој зборуваше и за своите сонародници Роналдињо и Нејмар, кои оставија трага на Камп Ноу.
„Гледав се што направи Роналдињо овде. Се надевам дека ќе постигнам половина од она што тој и Нејмар го постигнаа во Барселона“, изјави Рафиња.