Дома Топ вести Трансфери во живо: Челзи доведува ТРИО за титула, Мурињо спреми изненадување, Венгер го губи трпението…

Трансфери во живо: Челзи доведува ТРИО за титула, Мурињо спреми изненадување, Венгер го губи трпението…

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Тренерот на Барселона, Ернесто Велверде истакна дека навивачите можат да бидат мирни и дека нема никакви проблеми со Лионел Меси. (ОВДЕ)


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


– Антонио Конте ќе се обиде во финишот од преодниот рок да доведе тројца фудбалери на „Стенфорд Бриџ“, станува збор за Дени Дринквотер, Алекс Окслејд Чемберлејн и Рос Баркли. (ОВДЕ)

– Наводно, Мино Раиола повторно се обидува да го убеди Лоренцо Инсиње да го напушти Наполи, како нова дестинација супеагентот на Инсиње му ја нуди шпанска Барселона. (ОВДЕ)

– И повторно Раиола, овој пат тој се обидува да направи нов проблем помеѓу Џанлуиџи Донарума и Милан, тој тврди дека Милан не го испочитувал договорот кога на Донарума му ја понудил капитенската лента. (ОВДЕ) 

– Хакерите повторно си поигруваат, овој пат мета беа Лионел Меси, Карим Бензема и Реал Мадрид. Имено, тие го доведоа Меси на „Бернабеу“, а го продадоа напаѓачот, Карим Бензема. (ОВДЕ)

Жозе Мурињо иако истакна дека е задоволен од играчкиот кадар за новата сезона, во последните денови од преодниот рок Португалецот би можел да се обиде да го доведе Тома Лемар од Монако. (ОВДЕ)

– Арсен Венгер го губи трпението со Алекс Окслејд Чемберлејн, фудбалерот ја одби и последната понуда од клубот за продолжување на договорот. Наводно, Венгер ќе се обиде да го продаде до крајот на преодниот рок, а како потенцијали кандидати се споменуваат Ливерпул и Челзи. (ОВДЕ)

Масимилијано Алегри изгледа дека обезбеди големо засилување за идното лето. Станува збор за фудбалерот на Ливерпул, Емре Џан, кој би пристигнал во клубот идното лето како слободен фудбалер.

– Во последните денови од преодниот рок, Јирген Клоп, ќе се обиде да ја доведе големата желба на Милан и Јувентус, Ренато Санчез, од Баерн Минхен.

– Интер има нова стратегија за да го доведе Кеита Балде. Имено, „нероаѕурите“ ќе почекаат тој да го продолжи договорот Лацио, па потоа да го доведат на позајмица од две години, но повторно останува отворено прашањето дали Кеита ќе се согласи.

– Официјално: Јувентус го испрати Лука Мароне на едногодишна позајмица во екипата на Бари.

– Откатко пропадна трансферот на Габигол во редовите на Спортинг, како нов кандидат за негово доведување се појави тимот на Бенфика која би го довела на позајмица.

– Приоритет на „росонерите“ во финишот од преодниот рок ќе биде Рафиња Алкантара. Италијанскиот клуб ги договори условите со фудбалерот, но сеуште не успеваат да се договорат со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус донесе одлука, ќе го откупи Калулу

Раководството на Јувентус донесе одлука да го откупи договорот на Пјер Калулу, кој ова лет…