Дома Македонски спорт Мак фудбал ЦСКА Софија не сака да игра во Скопје против Македонија ЃП

ЦСКА Софија не сака да игра во Скопје против Македонија ЃП

Македонија ЃП ќе ја пречека ЦСКА Софија  во Скопје  на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ следниот четврток.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во ЦСКА Софија сметаат дека не е безбедно да се игра во Скопје, тие особено се жалат откако добија само 60 билети за нивните навивачи. 

И покрај желбата на ЦСКА Софија, натпреварот да се игра на арената „Тоше Проески“ со капацитет од 32.000 луѓе, тимот од скопската населба Ѓорче Петров одлучил дуелот да се игра на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.

Бугарските медиуми дури пишуваа дека треба ЦСКА да се жали во УЕФА и мечот да се игра на неутрален терен. Меѓутоа, сигурно не би добиле позитивен одговор од европската централа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …