Дома Фудбал Останато (Видео) Нејмар си поигруваше, Кавани и Мота погодуваа – ПСЖ до нова победа

(Видео) Нејмар си поигруваше, Кавани и Мота погодуваа – ПСЖ до нова победа

Скапоцениот на тим на ПСЖ и понатаму не дозволува изненадувања во француската Лига 1, нов жртва беше тимот на Сент Етјен.

Клубот од Париз беше домаќин на тимот на Сент Етјен кој го совлада со 3:0, а стрелци на головите на „Паркот на принцовите“ беа Едисон Кавани и Тијаго Мота. Уругваецот Кавани погоди од пенал во 20 минута од средбата, за предност на домаќините на полувремето. Интересно е што тоа беше и единствениот шут на ПСЖ кон противничкиот гол во првиот дел.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во вториот дел тимот на Унаи Емери заигра далеку подобро, а добрата игра се исплатеше во 51 минута кога Тијаго Мота успеа да се запише во листата на стрелци. Најскапиот фудбалер во историјата Бразилецот, Нејмар не успеа да се запише во листата на стрелци на овој натпревар, но продолжи да си поигрува со противничките дефанзивци. Конечните 3:0 ги постави Кавани со својот втор гол во финишот од средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дагестанецот го претепа провокаторот пред очите на целиот свет: Требаше повеќе да го тепам (Видео)

Дагестанецот Магомед ‘Чанцо’ Зајнуков, претепа американскиот ММА борец Дилон Д…