Дома Македонски спорт Нов клуб во игра за потписот на Димитриевски

Нов клуб во игра за потписот на Димитриевски

Според последните информации од Шпанија, Селта е новиот тим кој покажал интерес за македонскиот голман Столе Димитриевски.

Селта е во потрага по голман, а наводно еден од оние кои се на нивниот „радар“ е и Македонецот. За Димитриевски во изминатиот период имаше интерес и од клубови од други земји, меѓутоа негова желба е да остане во Шпанија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Рајо неодамна го промовираше Диего Лопез за нов голман, па затоа и не е исклучена можноста Димитриевски да биде продаден ова лето.

Ќе потсетиме, во зимскиот преоден рок Димитриевски беше многу блиску до трансфер во Барселона, меѓутоа на крајот тој најавен трансфер пропадна затоа што вториот голман на Барса, Нето одби да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…