Компанија Mozzart континуирано продолжува да вложува во спортот, а овој пат со Фудбалскиот сојуз на Србија потпишаа историски договор за нови победи.
Потврда за добрата соработка и одличните резултати на Фудбалскиот сојуз на Србија и компанијата Mozzart е нов пат кон успехот на фудбалската сцена во Србија. Освен најсилната српска фудбалска лига – Mozzart Bet Суперлига, Mozzart ова лето за првпат ќе стане официјален спонзор и на Првата лига, која ќе го носи името Mozzart Bet Прва лига на Србија, а во наредниот тригодишен период ќе продолжи да обезбедува финансиска поддршка и на Фудбалскиот сојуз на Србија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На церемонијата пред Фудбалскиот сојуз на Србија присуствуваа заменик претседателот Ненад Бјековиќ, генералниот секретар Јован Шурбатовиќ и генералниот секретар на Здружението на Суперлигата Дарко Рамовш, додека компанијата Mozzart ја претставуваа генералниот директор Слободан Продановиќ и маркетинг директорот Дејан Косановиќ.
„Mozzart Bet Суперлигата и Mozzart Bet Првата лига на Србија секако се шампионски проекти и потези на нашата компанија. Не само поради тоа што Mozzart е регионален шампион во приредување игри на среќа, туку и поради тоа што српскиот фудбал влегува во еден од најдобрите периоди од своето постоење. Наша желба е да поддржиме и да бидеме вистински партнер во следните три години и со гордост да го забележуваме напредокот на српската „бубамара“ од сезона во сезона. Заедно ќе се обидеме да го сместиме српскиот фудбал во првите десет во Европа по стапка на успех. Убеден сум дека ќе успееме и дека по Светското првенство во Катар ќе следи ренесанса на српскиот фудбал“, изјави Слободан Продановиќ, генерален директор на компанијата Mozzart.
Заменик претседателот на ФСС, Ненад Бјековиќ, е убеден дека официјалниот чин на потпишување на договорот со компанијата MOZZART е почеток на нова ера во српскиот фудбал.
„Потпишавме договор кој во многу аспекти го носи префиксот историски. Бенефит ќе имаат сите во српскиот фудбал, особено клубовите кои ги очекува прилично сериозна финансиска инјекција. Знаеме колку е тешко да се функционира кога нема добри услови и ресурси. Фудбалскиот сојуз на Србија со својата добра работа во изминатиот период обезбеди продолжување на соработката со силен стратешки партнер за уште четири години, а воедно го обезбедивме и насловниот спонзор за Супер лигата и Првата лига на Србија за следните три сезони. Цврсто верувам дека во наредните сезони во Србија ќе се игра поубав и поатрактивен фудбал, дека навивачите масовно ќе се вратат на стадионите и дека заедно со компанијата Mozzart ќе започнеме нови победи“, изјави Ненад Бјековиќ.
Инаку, компанијата Mozzart во Србија со години е спонзор на четирите најголеми сојузи: Фудбалскиот, Кошаркарскиот, Одбојкарскиот и Ракометниот сојуз. Притоа е ексклузивен бетинг партнер и на многу спортски клубови, меѓу кои: ФК Црвена Звезда, ФК Војводина, ФК Напредак, КК Партизан и уште многу други.
„Сигурни сме дека домашниот клупски фудбал ќе може да ја искористи добрата енергија на компанијата Mozzart и уште повеќе да се доближи до врвот на европскиот фудбал во наредните сезони. Mozzart верува во српскиот фудбал и сигурни сме дека публиката ќе има што да гледа и ужива за време на натпреварите од Mozzart Bet Суперлигата и Mozzart Bet Првата лига на Србија. Mozzart подготвува специјални изненадувања за најдобрите играчи, стрелци, помошници или голмани, а како и секогаш ќе се обидеме да го споиме уживањето во фудбалот со хуманитарна работа, односно општествена одговорност. Следете го српскиот фудбал и бидете победник“, изјави Дејан Косановиќ, маркетинг директор на компанијата Mozzart.
Овој пример за поддршка на домашниот спорт компанија Mozzart го следи во сите држави во кои што работи, па така Mozzart во Македонија во последната сезона се појави како ексклузивен бетинг партнер на спортски клубови, меѓу кои актуелниот шампион ФК Шкупи, ФК Академија Пандев и ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.