Дома Македонски спорт Напаѓачот на младинската репрезентација на Македонија потпиша за вицешампионот на Унгарија!

Напаѓачот на младинската репрезентација на Македонија потпиша за вицешампионот на Унгарија!

Репрезентативецот на Македонија до 21 година Марио Илиевски потпиша договор со вицешампионот на Унгарија, Кишварда.

Илиевски важи за еден од поголемите таленти во Македонија вниманието го привлече со настапите за бугарскиот Септември од Софија. Во минатата сезона тој постигна 19 гола и забележа шест асистенции на 36 натпревари.

Се поврзуваше Илиевски со уште неколку клубови, но на крајот се реши за трансфер во Унгарија во клуб со кој прави сериозен чекор напред во кариерата. Во минатото поголем број фудбалери од Македонија играа во Унгарија како Барди, Николов, Муслиу, Миовски…

Во Кишварда Илиевски ќе биде соиграч со поранешниот вардарец Јасир Асани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Узеир е европски првак: злато за Македонија и уште две сребра во Скопје

Нелсон Узеир го победи Милош Давидовиќ во финалето до 86 килограми во лоу-кик. Силвио Миро…